Голема полициска акција на територијата на Скопје, насочена против организирана група која се занимавала со трговија со кокаин, дознава неофицијално „Вечер“.
Акцијата се одвива во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, каде инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност извршиле упади на повеќе локации.
Целта е апсење на осомничени лица инволвирани во продажба и дистрибуција на наркотични супстанци.
Според првичните информации, станува збор за нова криминална група која делувала во западниот дел на главниот град.
Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали, а повеќе информации за бројот на приведени и запленетата дрога се очекуваат во текот на денот.
