Пристигна тажна вест: Почина 16-годишното момче, кое беше тешко повредено во сообраќајката на 14 септември

Тагата повторно ја потресе јавноста – 16-годишното момче од Идризово, кое беше тешко повредено во сообраќајката на 14 септември во која учествуваше пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, им подлегна на повредите.

Од семејството за Канал 5 потврдија дека детето, кое со мотоцикл се судри со џипот „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски таблички, управуван од Јанчев, починало по неколкунеделна битка за живот.

Несреќата се случила во селото Марино, општина Илинден.

Во судирот, освен малолетниот возач, тешко била повредена и неговата 13-годишна сопатничка, додека полесни повреди добиле пратеникот и неговиот сопатник од Вевчани.

По несреќата, увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, Јанчев бил приведен во полиција поради сомнение за „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот“.

По завршување на истрагата, обвинителството треба да донесе одлука за понатамошното постапување во случајот што ја потресе целата земја.

Извор: Канал5

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде