Трактор излета од патот – има повредени

49-годишник е тешко повреден откако со трактор излетал од пат. 

– На 10.10.2025 околу 13:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на локален пат од с.Лубница кон с.Скоруша, на место викано „Сечков дол“, општина Конче,

49-годишниот В.Р. од село Лубница, управувајќи трактор „имт“ со приколка изгубил контрола и со тракторот излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип, известија од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде