Полицијата во акција – приведени се повеќе лица
На 11/12 октомври 2025 година, во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода
Б.И.(49), Ѓ.П.(30), Љ.Ш.(40), А.Х.(34), Е.Н.(40), С.Х.(23), М.К.П.(38), Н.М.(32), Г.П.(35), Џ.И.(30), сите од Скопје, П.М.(24) од с.Брњарци, скопско и К.С.(23) од Охрид, со престој во Скопје.
– Кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дробилка.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.
