ТАЖНА ВЕСТ: Почина еден од полицајците осомничен за трагедијата во „Пулс“

Починал еден од полицајците кои се осомничени во истрага што ја води одделението за гонење на полициски службеници во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, соопшти Независниот синдикат на полицијата.

Денес за жал трагедијата од Кочани ја зема својата 63та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност.

Владо Петров беше колегата кој од пензија беше испратен во притвор затоа што додека бил Главен инспектор за сообраќајни работи потпишал некаков документ за паркинг просторот пред дискотеката.

Владо за жал не го издржа притисокот за кој ние вчера зборувавме и не успеа да види ништо од пензијата.

Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни – соопштија од Синдикатот.

Со паролата „Први за осуда – последни за почит“, членовите на Независниот синдикат на полицијата денеска изразија револт пред обвинителствата во Скопје, реагирајќи на, како што велат, нечовечкиот и пристрасен третман кон нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Од синдикатот порачаа дека не се противат на истрагата, но бараат таа да биде јавна, транспарентна и фер. Воедно, побараа правда за сите жртви, меѓу кои и нивниот колега Тоше Тодоровски, кој го загуби животот во трагедијата. За овој дел од истрагата се уште нема обвинение.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде