Тажна вест: Почина познатиот македонски професор

Тажната вест ја објави Фросина Ременски:

Со голема тага ја примив веста за смртта на мојот почитуван професор Владимир Ортаковски.

Проф.д-р Владимир Ортаковски беше врвен ментор, истражувач, научник, претпоставен, но пред се’ Човек со огромно хумано срце – најголем пријател на децата.

Светски докажан научник во областа на меѓународното право, меѓународното хуманитарно и јавно право, дипломатијата и безбедноста, добитник на бројни државни награди и меѓународни признанија.
Светски, а наш!

Професорот Ортаковски преку својот докторат за првпат кај нас остави вредно дело за израелско-палестинскиот конфликт, за правата на националните малцинства и за многу други актуелни и вечни теми.

Во целиот свој работен век посвети несебично внимание и родителска грижа за децата на кои тоа им беше најпотребно, преку отварање на центри за грижа на децата од Шуто Оризари, Скопје и пошироко; заштита и грижа за правата на детето.

Ова што го пишувам е премалку за тоа што заслужува да се каже и напише за овој извонреден човек !

Мојот Факултет за безбедност – Скопје за свој заштитник и основач го има Проф. Владимир Ортаковски кој несебично се вгради во градењето на факултетот кога беше најтешко и најпотребно. Ќе го паметиме по многу големи и добри дела – како мост преку кој поминаа генерации студенти кои учеа од еден од најдобрите.

Ја имав честа и привилегијата како негов асистент во периодот од 2004 до 2008 година да го имам Проф. Владимир Ортаковски за свој учител, претпоставен, Декан и животен патоказ – за духовен и научен татко.

🇲🇰 СЛАВА ТИ ПОЧИТУВАН ПРОФЕСОРЕ 🙏

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде