Започнуваат врнежите – УХМР утрово со најнова вест

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните дневни температури во државата ќе се движат од 11 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно со слаб северен ветер и максимална дневна температура до 18 степени Целзиусови.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и дневни температури од 12 до 17 Целзиусови степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде