Стевче Јакимовски, градоначалникот на Карпош сподели видео на социјалните мрежи.
„Денес, во Злокуќани, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат решија изборите да ги „замесат“ со брашно.
Од гаражи, по куќи — делат вреќи од по 30 килограми како предизборен поткуп.
Толку од нивната визија.
Нема проекти, нема идеи — само брашно и безобразие.
Ама, господа, Карпош не е пазар за евтини понуди.
Овде живеат луѓе со чест, труд и достоинство.
Луѓе што не се купуваат со вреќа брашно.
Срамота е — да нè враќате во 90-тите години.
Карпош одамна излезе од тие времиња.“, напиша Јакимовски во описот на видеото.
