Вечерва на булеварот Партизански одреди се случи сериозна сообраќајна несреќа во близина на местото каде трагично загина Фросина .
Во незгодата учествувале три возила: „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“.
Според сведоци, ударот бил толку силен што возилата се извртеле, а причина за несреќата најверојатно била неприлагодена брзина.
Засега нема информации за повредени, а повеќе детали се очекуваат наскоро.
Фотографии од местото на настанот беа испратени до редакцијата од очевидци.
