Регионот во шок: Мртво бебе пронајдено на улица, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад,е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува Нова.рс.

Жената е затекната само на 50 метри од местото каде што е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.

Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето.

Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде