Застрашувачки снимки од Франција: Торнадо носеше се пред себе (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина, а неколку други беа повредени овој понеделник откако торнадо го опустоши градот Ермон, во департманот Вал д’Оаз во Франција.

Првите информации укажуваат дека четири лица се сериозно повредени, додека пет лица се во релативно итна состојба, пишуваат локалните медиуми.

Според локалните власти, 80 пожарникари, 50 полицајци и 20 болничари биле распоредени во областа Ермон, како и во Обон, Андили, Монморанси и Франконвил.

„Досега, пожарникарите регистрирале 324 интервенции и повеќе од 700 повици“, објави префектот на Вал д’Оаз.

„Има десет жртви, вклучувајќи еден починат, 23-годишен маж. Тој бил вработен во приватна градежна компанија која работела на градилиштето“, изјави за АФП јавниот обвинител на Понтоаз, Гирек Ле Бра, кој исто така го посетил местото на настанот.

Обвинителот не можел да даде дополнителни информации за околностите на смртта, во исчекување на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде