Тешка сообраќајна несреќа – едно лице го загуби животот

Вчера (20.10.2025) во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат Гостивар-село Србиново, на влез за село Лакавица,

патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од село Беловиште, гостиварско, излетало од патот.

„Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Увид на место извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде