Трагедија: Возило излета од патот – едно лице го загуби животот

Вчера во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново, на  влез за с.Лакавица,

патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с.Беловиште, гостиварско, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде