Ги уби мајка му, сестра му и тетка му, па им ги запали телата…

Во бугарското село Љуљаково, во општина Руан, во југоисточна Бугарија, 25-годишен маж уби тројца членови на своето семејство и ја запали куќата, додека неговиот седумгодишен брат, иако повреден, успеа да избега, соопштија локалните власти.

Несреќата се случи околу 4:00 часот наутро, објави „Новините“.

Според прелиминарните извештаи, осомничениот ги застрела својата 73-годишна тетка, 47-годишната мајка, 13-годишната сестра и 7-годишниот брат.

И покрај повредите, момчето успеа да избега од запалената куќа и да ги извести властите, давајќи клучни информации за нападот.

Полицијата и екипите на Брза помош од општина Руан и Противпожарната служба на Ајтос брзо реагираа.

Тие го изгаснаа пожарот и пронајдоа три јагленисани тела во куќата.

Седумгодишното момче, иако повредено, е хоспитализирано и според извештаите неговиот живот не е во опасност.

Наводниот сторител е уапсен во 9:35 часот наутро, по брзи оперативни и истражни мерки спроведени од страна на службеници на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде