Тешка сообраќајна несреќа утрово – пет лица се пренесени во болница

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа, која утринава се случила кај штипската населба Три чешми.

Несреќата, како што пренесува МИА, се случила по 7 часот меѓу камион и автомобил.

Повредените, како што велат од Клиничката болница Штип, не се во животозагрозувачка состојба.

Две лица се пренесени на Одделението за ортопедија, а три се на Хирургија. Од болницата велат дека се вржат потребните медицински снимања на повредените.

Во тек се испитувања за причините за несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде