Први снимки од местото на несреќата – повеќе лица се повредени

Утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во штипската населба Три чешми, при што пет лица се повредени и пренесени во болница.

Несреќата се случила по 7 часот наутро при судир помеѓу камион и автомобил.

Според информациите од Клиничката болница Штип, повредените не се во животозагрозувачка состојба.

Две лица се пренесени на Одделението за ортопедија, додека три се сместени на Хирургија.

Од болницата информираат дека се изведуваат потребните медицински снимања за сите повредени.

Во тек се испитувања за утврдување на причините за несреќата.

Фото: МИА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде