Тешка сообраќајна несреќа – две лица пренесени во болница

Мотоциклист и неговиот сопатник се повредени при судир со возило на скопска раскрсница. 

– Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Имер Призрени“ со сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу

патничко возило „тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната Л.К.З. од Тетово и мотоцикл управуван од Б.Ј.(30) од с.Сингелиќ, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а неговиот сопатник О.Ј.(23) од с.Сингелиќ, скопско се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде