Во хорор сообраќајната несреќа што утрово се случи во Нов Белград, како што јавуваат српските медиуми загинало цело семејство: мајка, татко и десетгодишно дете. Две лица се повредени и се пренесени во Ургентниот центар.
Несреќата се случила утрово околу 1 часот во населбата „West 65“ на Нов Белград, кога возач на „Ауди“ поминал низ црвено светло и директно удрил во автомобилот во кој се наоѓало семејство.
Сите тројца патници во удрениот автомобил, од здобиените повреди, починало на самото место.
„Сум видел многу лоши работи, но ова е нешто најстрашно досега“, изјавил потресен очевидец.
Полицијата и обвинителот се уште се на терен, увидот е во тек, а сообраќајот во овој дел од градот е целосно запрен.
Сообраќајката се случила околу еден час по полноќ, на аголот меѓу улиците „Омладинских бригада“ и „Николе Добревиќа“ на Нов Белград.
