Големо невреме вечерва во делови од Македонија

Во Тетово, едно патничко возило заглави во подвозник поради насобрана вода од интензивните врнежи што го зафатија градот попладнево, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Возачот навреме го напуштил автомобилот и, според информациите, не е повреден.

Настанот бил пријавен преку бројот за итни повици Е-112, а се случил во подвозникот во населбата Дарданија, во близина на полигонот.

На лице место интервенирале екипи на СВР Тетово и Територијалната противпожарна единица Тетово, со две противпожарни возила и четворица пожарникари кои ја испумпувале водата.

Од ЦУК апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење низ пониските делови на градот и да ги користат алтернативните улици во Дарданија, додека трае расчистувањето и нормализирањето на состојбата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде