ВОНРЕДНО: Силен земјотрес вечерва ја погоди Турција – има урнати згради

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Турција вечерва, соопштија сеизмолошките служби.

Епицентарот бил 63 километри југоисточно од градот Баликесир, кој има околу 238.000 жители, и 11 километри југоисточно од Сындыргы, населено место со 10.900 жители.

Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, но засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силен и траел долго. Турски „Хуриет“ објави дека земјотресот бил почувствуван и во Истанбул.

Сеизмолозите истакнуваат дека регионите во западна Турција се подложни на земјотреси, поради активните тектонски линии, и предупредуваат на можни реплики во следните часови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде