Страшни сцени: Ураганот Мелиса носи се пред себе – налети на ветер до 290 км на час

Еден од најсилните урагани во историјата на Карибите – Мелиса, ја пустоши Јамајка оставајќи зад себе катастрофални последици, а сега со нова сила се движи кон Куба.

Според податоците на Американскиот национален центар за урагани (NHC), ураганот повторно ја достигнува 5-та категорија со налети на ветер до 290 километри на час.

Премиерот Ендрју Холнес изјави дека ураганот предизвикал „разорни последици“ низ целата земја.

„Имаме сериозно оштетени болници, уништени домови и бизниси. Стравуваме дека бројот на жртви ќе расте,“ изјави Холнес за CNN.

Големи делови од островот се без електрична енергија и интернет, а градот Кингстон е целосно отсечен од копното. Најпогодени се св. Елизабет и Сент Кетрин, каде реката Рио Кобре се излеа од коритото.

Тројца загинати уште пред ураганот да пристигне

Според локалните власти, тројца луѓе загинале на Јамајка уште пред Мелиса да го допре копното, додека три лица на Хаити и едно во Доминиканската Република исто така го загубиле животот.

Обединетите нации веќе организираат воздушен транспорт на 2.000 пакети со хуманитарна помош од Барбадос кон погодените региони.

Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел изјави дека над 735.000 луѓе се евакуирани низ земјата.

„Ова ќе биде многу тешка ноќ за Куба, но ќе се опоравиме – со верата што ни ја влеаја Фидел и Раул,“ напиша тој на мрежата X.

Властите предупредуваат на екстремни поплави, свлечишта и бранови високи до шест метри, а жителите се повикуваат на претпазливост дури и од крокодили кои може да излезат од поплавените реки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде