Денеска е Митровденска задушница. Еве што треба да се прави?

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница, ден кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.
Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.

Овој празник е востановен некаде во 14-тиот век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви.

На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивното свето семејство за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота.

Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде