На концертот што се одржа синоќа во Велес, познатата српска пејачка Цеца Ражнатовиќ предизвика бурни реакции откако на сцената беше забележана со бугарско знаме во рацете.
Настанот предизвика изненадување и вознемиреност кај дел од публиката, која реагираше гласно и со свирежи.
Ситуацијата се вжештила за момент, но според присутните, пејачот Мики Секуловски интервенирал и се обидел да ја смири публиката, повикувајќи на мир и почит.
По кратката напнатост, концертот продолжил во подобра атмосфера. Иако Цеца не дала официјална изјава за инцидентот, снимки од настанот веќе се споделуваат на социјалните мрежи, предизвикувајќи различни реакции и коментари.
Дел од корисниците сметаат дека се работи за недоразбирање, додека други ја осудија постапката како несоодветна за македонска сцена.
