Тешка сообраќајка попладнево во Македонија.
Сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
На 01.11.2025 година од 14:46 часот, на магистралниот пат Струмица – Радовиш, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин и се пренасочува по регионалниот пат Радовиш – Струмица, информира АМСМ.
За сега не е познато дали има евентуално повредени лица.
