Ноќеска (01.11.2025) во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карангелевски“ и ул.„1615“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од 27-годишната Р.М. од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, информираат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.О.(22) од Турција, сопатник во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобил А.О.(22) од Турција, исто така, сопатник во возилото „голф“ и Р.М., констатирани во Општата Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а возачот К.К. е лишен од слобода и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 300 од Кривичниот законик. – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
