Голема трагедија го потресе светот: Пожар изби во продавници – загинаа голем број луѓе (ВИДЕО)

Во пожар што избувнал во продавница во градот Ермосиљо, на северозападот на Мексико, загинале повеќе од 20 лица, пренесуваат локалните медиуми.

Претседателката Клаудија Шејнбаум изрази сочувство до семејствата на загинатите и соопшти дека испратила тимови за помош на повредените и нивните блиски, пренесе „Ројтерс“.

Градоначалникот на Ермосиљо потврди дека бројот на жртвите е голем, а началникот на противпожарната служба изјави дека причината за пожарот сè уште не е утврдена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде