Според првичните неофицијални резултати од локалните избори во Кичево, кандидатот на ВМРО, Александар Јовановски, е во водство пред актуелниот градоначалник и кандидат на ДУИ, Фатмир Дехари.
Според досега обработените избирачки места, Јовановски има 7.556 гласови, додека Дехари има 5.932 гласови.
Изборниот процес во Кичево помина во мирна атмосфера, а очекувањата се конечните резултати да бидат објавени во текот на ноќта или утре.
