Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла.
Денеска попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со услови за појава на ретки грмежи.
Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.
Локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.
