Побрзајте на бензиските: Од полноќ се зголемува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на одлуката од 30.10.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,849%, кај дизелот за 2,319%, кај екстра лесното масло има намалување е 0,05%  и кај мазутот има зголемување за 3,433%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0034%

Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 95                  74,00 (денари/литар)

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 98                             76,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            71,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                  36,913 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде