Драма на гробишта во Македонија: Полицијата уапси лажен поп кој пеел за покојните на Задушница

Викендов на гробиштата во Ѓорче Петров се случил необичен инцидент. Според сведоштва на граѓани, маж облечен во мантија се претставувал како свештено лице и нудел изведување на верскиобреди за пари.

Еден од присутните граѓани, кој своето искуство го споделил на социјалните мрежи, раскажал дека додека „попот“ се подготвувал да отпее на местото пристигнала полиција и го привела лицето, по што обредoт не бил изведен.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 1 ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде