50-годишен маж од радовишко бил повреден откако се превртел со трактор.
– На 02.11.2025 во 11:20 часот во ОВР Радовиш, од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.А.(50) од с.Подареш, радовишко.
Според пријавеното, управувајќи трактор на некатегоризиран пат во атар на с.Смиљанци, радовишко, изгубил контрола и се превртел со тракторот, известија од полцијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
