Тажна вест вечерва: Почина поранешниот македонски фудбалер и тренер

Тажна вест вечерва објавија од ФК Брегалница 1926 Делчево.

,,Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Милчо Петровски – човек кој остави неизбришлива трага во историјата на наша Брега.

Најпрвин играч, потоа тренер и претседател на клубот, тој е вистински симбол на љубовта кон Брега и Делчево.

Градот изгуби фудбалска легенда, а Брега свој вечен член. Почивај во мир, Милчо” се вели во објавата на клубот.

Вечна му слава на овој фудбалски великан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде