„На 5-ти кат сме, се тресевме околу 10 секунди“: Утрово силен земјотрес го стресе регионот – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Потресот бил регистриран во 07:16 часот по универзално време, на длабочина од 7 километри.

Епицентарот се наоѓа на околу 12 километри западно од градот Ксанти, и на околу 110 километри јужно од бугарскиот град Пловдив.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

„На 5-ти кат сме, добро се тресевме околу 10 секунди“, „Навистина се почувствува кај нас“, „Во Софија сме, почувствувавме мало тресење на земјата“, сведочеа жителите на бројни градови во Бугарија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде