НАЈНОВА ВЕСТ: Возило удри во стадо овци – првични информации

Делчево 365 информира за сообраќајна несреќа кај Калимаци.

„Очевидец: Возило со скопски таблички удрило во стадо овци кај Калиманци

Калиманци, 6 ноември – Читател на Делчево365 информира дека попладнево во близина на Калиманци се случила сообраќајна незгода во која, според неговите зборови, возило со скопски регистерски таблички удрило во стадо овци.

Според сведоштвото, пет овци загинале на самото место, а повеќе се повредени.

Веста засега не е официјално потврдена од надлежните институции. Неофицијално, полицијата е запознаена со случајот и се очекува увид и повеќе детали по завршувањето на постапката.

Делчево365 ќе објави дополнителни информации веднаш штом бидат достапни официјални податоци од полицијата или други надлежни служби“, стои во објавата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде