Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови од земјата, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Според прогнозите на УХМР, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со можност за грмежи. Локално се очекува да наврне поголема количина дожд, над 30 литри на метар квадратен.
Од вторник се очекува стабилизирање на времето.
