Пронајдени остатоци од човечко тело – предадени за обдукција и ДНК анализа

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.

-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител,

пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде