Доцна синоќа тешка несреќа – првични информации

Синоќа во скопската населба Аеродром, кај кулите „Џевахир“, се случи тешка сообраќајна несреќа.

Возило со голема брзина, според првичните информации и сведоштвата на очевидци, изгубило контрола и удрило во неколку контејнери и две паркирани возила.

Очевидци за „24 Инфо“ изјавија дека возачот бил во алкохолизирана состојба и дека станува збор за турски државјанин. Ова е веќе втора несреќа во истиот реон во последната недела, што ја зголемува загриженоста кај граѓаните.

Ситуацијата е дополнително влошена поради тоа што три од четири ленти на булеварот се блокирани од непрописно паркирани возила, што го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста во овој дел од Аеродром.

Полицијата беше на лице место, направен е увид на местото на настанот, а повеќе детали се очекуваат наскоро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде