На Обреновачкиот пат, меѓу Умка и Обреновац во Србија, утрово се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот, а осум лица се повредени, од кои едно потешко, јавува РТС.
Во директен судар меѓу автобус и патничко возило загинал возачот на автомобилот. Повредените лица биле со возила на Итната помош пренесени во Ургентниот центар во Белград.
Несреќата се случила околу 6 часот наутро, а во неа бил вклучен автобус од градскиот превоз.
Полицијата извршува увид на местото на настанот, а сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато, пренесува РТС.
