Шест лица, меѓу кои и тројца деца, загинале денес во тешка сообраќајна несреќа меѓу патнички автомобил и камион во Новосибирската област во Русија, соопшти Регионалното Министерство за внатрешни работи.
Според информациите, автомобил марка „ВАЗ-21099“ и камион „Volvo“ се судриле рано утринава, во неделата, на автопатот во Болотнинскиот округ на Новосибирската област.
Во несреќата загинале возачот и патниците во автомобилот – жена родена во 1990 година и тројца малолетни деца, родени во 2015, 2017 и 2025 година.
Се работи на утврдување на идентитетот на двајца мажи, возач и патник во возилото.
Како што се наведува, возачот на камионот не е повреден, пренесува Интерфакс.
