Пукање во близина на угостителски објект – МВР презема мерки

Инцидент во близина на угостителски објект на патот Калишта – Струга

На  08.11.2025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга,

едно лице- сопатник во патничко возило „бмв“ го отворил прозорот и испукал еден проектил од пиштол во воздух, по што возилото продолжило кон Струга. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во возилото и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде