Времето во следните два дена ќе биде променливо облачно.
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието северен ветер.
Од среда, па до крајот на неделата ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.
МЕТЕО АЛАРМ ЗА УТРЕ (10.11.2025): Утре ќе има повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи.
