Маж од тетовско е тешко повреден откако со четирицикл се превртел на пат.
– На 09.11.2025 околу 15:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с.Гургурница-с.Стенче, тетовско, С.П.(48) од село Челопек, тетовско,
управувајќи четирицикл „поларис“ со швајцарски национални ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово, информираа од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
