Владимир Мајорски, таткото на Борис (18), кој заедно со својата девојка Дејана Нералиќ (18) загина во сообраќајната несреќа кај Врдник, со тажни зборови му се обрати на својот син.
Да потсетиме, тинејџерите со мотор тргнале на излет кон Врдничката кула, кога се судриле со Слободан Б. (85) од Крчедин, кој бил зад воланот на „мерцедес“.
Тој не им го отстапил првенството на минување и директно удрил во нив. Осуден е на две години затвор. Мајорски веќе три години не може да се помири со смртта на саканиот син, а зборовите што ги објавува на својот профил ја кинат душата.
Нема ден да не разговарам со тебе во тишина… Нема ноќ да не го слушнам твојот смеј во ветерот… Научив да живеам со срце што ми остана на небото… Научив да се смеам, а да ме боли… Да дишам, а душата да ми молчи… Сè што бев, остана во моментот кога замина… Сè што сум, живее само преку сеќавањето на тебе… Сине мој… – напиша неутешниот татко.
Заљубените тинејџери, да потсетиме, беа погребани заедно на гробиштата во Стара Пазова. Стотици луѓе се собраа тој октомври во 2022 година за да ги испратат Дејана и Борис на вечното почивалиште.

