УЖАС: Прегазени две жени – со тешки повреди итно пренесени во болница

Две жени, на возраст од 65 и 66 години, едната од Скопје, другата од Радовиш во текот на вчерашниот ден биле прегазени од возачи додека минувале улица.

Жените, по ударите од возилата се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени на болничко лекување.

Според МВР, возачот кој ја повредил жената од Скопје има 24 години, додека возачот од Радовиш кој прво избегал од местото на настанот па потоа сам се вратил назад е на возраст од 72 години.

МВР 

– Вчера во 13:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Јани Лукровски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(24) од Скопје, удрило во 65-годишната С.Т. од Скопје. Во 12:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш, патничко возило со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(72) од Радовиш, удрило во пешакот С.Г.(66) од Радовиш, по што возачот со возилото го напуштил местото, но потоа самиот се вратил. 

Кога станува збор за жртви во сообраќајот, статистиките покажуваат и дека македонските патишта од година во година одземаат се повеќе животи. Маја Арсовска Манов, началник на сектор за сообраќај при МВР,  во вчерашното гостување во 24 анализа на Телевизија 24 кажа дека најголем дел од несреќите се случуваат во населените места.

Во првите четири дена од ноември имаме четири загинати лица. Бројката за жал од година во година ни расте. Почнувајќи од 2020 година па навака. Во 2020 година бројките се 112 загинати лица, во 2021 година се негде 116 лица, во 2022 година се 124 лица, во 2023година се  127 лица додека лани пак се 142 лица. Повеќето загинати се на отворените патни правци иако поголемиот број на незгоди се случуваат во населените места.

Според  сообраќајниот вештак Дејан Трпевски главната причина поради која се случуваа сообраќајните незгоди е возење со поголема брзина од дозволеното.

Генерално за сообраќајните незгоди се јавуваат неколку причини а тоа се брзина, управување без возачка дозвола, присуство на алкохол во организамот и непочитување на патна сигнализација. Овие неколку фактори се главни. Фактор број еден е брзината.

Со цел намалување на сообраќајните прекроци и избегнување на човечки жртви од 1 јануари 2026 година ќе почне да функционира системот „Сејф сити“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде