Познато што утврдија инспекторите за прераната смрт на Елена Ѓорѓиевска (37)

Инспекторите што влегоа во болниците каде што била третирана 37-годишната Елена Ѓорѓиевска што починала дома на истиот ден кога била испишана од Дигестивна хирургија, не најдоа грешки и пропусти во нејзината медицинска историја и записите.

Инспекторите што влегоа во болниците каде што била третирана 37-годишната Елена Ѓорѓиевска што починала дома на истиот ден кога била испишана од Дигестивна хирургија, не најдоа грешки и пропусти во нејзината медицинска историја и записите, потврдува за Канал 5 Директорот на ДСЗИ Кирил Лазов.

Тој вели дека инспекторите влегле и на Гастроентерохепатологија и на Дигестивна бидејќи подолг период сега веќе починатата млада мајка, била хоспитализирана во овие две клиники. Иако, не нашле пропуст од нивна надлежност Инспекторатот бара Министерот да формира комисија од стручни лица што ќе го проследат патот на лекување од медицински аспрект и ќе можат да заклучат дали при третманот имало лекарска грешка или не.

-Во документацијата стои дека пациентката била испишана на 1.11.2025 година во добра општа состојба со уреден локален наод и даден совет за терапија и хигиенодиететски решим. При вонредните вонредни надзори не се констатирани недостатоци во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Поднесена е иницијатива до Министерот за здравство за формирање на комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката, вели Кирил Лазов – Директор на ДСЗИ.

Директорот на Дигестивна хиругрија Д-р Огнен Костовски за Канал 5 вели дека имало стручен колегиум внатре во самата клиника кој веќе го разгледувал постапувањето на хирурзите кои ја оперирале пациентката што била дијагностицирана со автоимуна Кронова болест, хронична воспалителна состојба на цревата која може да влијае на кој било дел од дигестивниот тракт. Директорот Костовски вели дека иницирал и комисија за дисциплинска постапка.

-Станува збор за изолиран случај по кој се постапува. Ќе ги почекаме сите извештаи и ќе се формира комисија за дисциплинска постапка, која според формално-правните регулативи не ми дозволува лично да бидам инволвиран бидејќи сум Директор. Комисијата ќе биде сочинета од тројца лекари, двајца од нив од Медицинскиот факултет, изјави Проф. Д-р Огнен Костовски – Директор на Клиника за дигестивна хирургија.

Семејството на Елена смета дека има лекарска грешка во постапувањето на еден од хирурзите што првично ја оперирал и според нив, таа интервенција за која велат, е изведена без дренови според шведски систем, е резултат на погрешна медицинска постапка, особено, со оглед на тоа што состојбата драстично ѝ се влошила по оваа операција.

Тие велат дека ако треба правда за прерано згаснатиот живот на младата мајка на две дечиња, од една и четири годинки, ако треба, ќе ја бараат и на суд. (Канал 5)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде