Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала – еве каде е епицентарот

Силно немирно утро на Кипар. Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди територијата на островот.

Епицентарот на потресот бил лоциран во областа Пафос, на релативно мала длабочина од 17 километри.

Силниот потрес предизвика паника и драстични последици, особено во руралните средини.

Во селото Полеми, потресот предизвикал одрони. Мештаните сведочат дека сцените биле драматични: „Скали и камења се лизгаа по ридот,“ и „Целата куќа се тресеше, беше страшно.“

Земјотресот бил почувствуван на повеќе места низ островот, вклучувајќи го и Лимасол. Граѓаните на платформата EMSC опишале како „Лустерите трепереа, мебелот се тресеше,“ додавајќи дека потресот бил силен и траел неколку секунди.

Засега, првичните информации од локалните власти не укажуваат на жртви или сериозни структурни оштетувања, но ситуацијата внимателно се следи и се вршат проценки на теренот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде