Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Утре и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Славчо Попоски многу дожд и поплави во Македонија.
Поплави му се закануваат на поширокиот дел од Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија во текот на следната седмица.
Во регионот локално се очекуваат над 200 литри дожд, локално дури и над 300 литри дожд, во нашата Македонија над 100/150 литри дожд а може дури и повеќе.
