Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово кај Горно Лисиче, во близина на железничкиот премин на патот кој води кон Пинтија кај Хемтекс.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, може да се види превртен автомобил на страна по сообраќајка во која учествувал и камион.
Според првичните информации, на лице место веднаш дошла Брза помош која констатирала полесни повреди кај две лица.
Повеќе детали во текот на утрешниот ден…
