Неколку лица пукале кон 28-годишник во Сарај.
– На 17.11.2025 во 19:00 часот во СВР Скопје, А.А.(28) од с.Сарај, скопско, пријави дека во село Сарај неколку лица испукале неколку куршуми од огнено оружје кон него, но не го повредиле.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увидна екипа од СВР Скопје извршила увид, известија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
