ВОНРЕДНА ВЕСТ: Се излеа река во Македонија – ЦУК ги објави деталите
РЦУК – Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри.
Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици.
Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.
За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности.
